Македонија
29. јуни 2023 - 9:14

ДУЦ за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Скопје добитник на RYCO проект „Повеќе од зборови“

Сознанијата за постоење на недоволна здравствена култура, вклучително и кај младата популација во Македонија беше поттик Државниот училишен центар (ДУЦ) за образование и рехабилитација “Партенија Зографски”, средно стручно училиште за ученици со оштетен слух од Скопје, заедно со Медицинското училиште „Чачак“ од Чачак, Р.Србија да креираат заеднички проект со име „Повеќе од зборови“ („More than words“) поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office – RYCO) во програмата Superschools.

Во рамките на проектот се планирани две младински размени, при што првата се одржа во ДУЦОР „Партенија Зографски“ Скопје во период од 18.06 – 24.05.2023 година. Во размената учествуваа вкупно 19 (деветнаесет) ученици и 4 (четири) наставници – координатори на проектот.

За време на првата младинска размена се одржаа RYCO работилници на тема: градење мир, решавање конфликти, мултикултурализам преку кои учениците ги продлабочуваа и негуваа демократските вредности: емпатија, соработка, компромис, почитување на другиот, како и работилници за изучување на знаковен јазик на кои глувите, како врснички едукатори, ги учаеа своите другари од Медицинското училиште „Чачак“ основите на знаковниот јазик и комуникацијата со глувите

Преку серија работилници за изучување на знаковен јазик, глувите и наглуви ученици, како едукатори за врсници, ги учаеа своите другари од Медицинското училиште „Чачак“ основите на знаковниот јазик и комуникацијата со глувите.

Серијата работилници претставуваа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и на тој начин да работат на надминување на комуникацијата и другите бариери и предрасуди и да сфатат дека иако тие користат различни начини на комуникација (говорен и знаковен јазик) сепак имаат многу повеќе сличности отколку разлики.

Втората младинска размена е планирана за почетокот на месец октомври. При оваа рзамена која ќе се одвива во Медицинското училиште во Чачак, учениците со оштетен слух ќе се стекнат со нови знаења психосоцијални вештини за здравјето и здравите животни навики.