-->
-->
Дуели од 25.коло во Првата македонска кошаркарска лига
-->

Регуларниот дел од сезоната во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно Првата лига, се ближи кон својот крај. На четири кола до крајот разрешени се дилемите околу учесниците од плејофот, единствено останува да се види кој од која позиција ќе го започне разигрувањето за титулата.
Денеска на програмата се средбите од 25-тото коло.
Тоа ќе биде отворено со дуелот во Кавадарци од 17 часот каде Фени Индустри го пречекува Работнички.
Час подоцна (18) во Струмица кај истоимената домашна екипа гостува Куманово.
Во терминот од 19 часот закажани се преостанатите два меча, во кои, Кожув е домаќин на шампионот МЗТ Скопје Аеродром, а Карпош Соколи ја пречекува последно пласираната екипа на табелата гевгелиски Бест.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 22-2 (победи-порази), Карпош Соколи 17-7, Фени Индустри 16-8, Куманово 16-8, Работнички 10-14, Кожув 10-13, Струмица со 4-19, Бест 0-24.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
