-->
-->
Дуелите меѓу Олимпијакос – Партизан без гостински навивачи
-->

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги извести екипите на Партизан и Олимпијакос дека нивните навивачи нема да смеат на присуствуваат на натпревраите кои нивните екипи ќе ги играат на гостински терен.
УЕФА официјално не донесе одлука за стриктна забрана, но подели по само 20 ВИП билети за претставниците на клубовите, со што упати јасна порака дека нема да биде дозволено гостински навивачи, како во Атина, така и во Белград.
Од страна на УЕФА побарано е раководствата и на двата клуба да направат што е во нивна моќ за да го спречат самостојното патување на навивачите.
Првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу Олимпијакос и Партизан се игра во Белград на 25 јули, а реваншот во Атина е закажан за 2 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
