Дух се шета низ винарија, персоналот во паника
Сопственик на вински бар и подрум Dream Water Lounge во Чешир објави снимка од безбедносните камери на која се гледа силуета, за која тој тврди дека е дух како шета низ подрумот. Пред да се појави силуетата, камерата се затресува и забележува движење.
Тогаш се гледа силуетата која потсетува на женско лице ккао оди по скалите пред да се изгасната светлата. Персоналот кој работи овде и претходно се жалел на ужасната и неугодна атмосфера во локалот, како и на одреден број необјасниви настани како палење на светла и гласно тропање.
-Не знам што да ви кажам за снимката, но знам дека зградата не е згодно место кога сте сами. Персоналот се жалеше на чудни настани и галама. Го изградив барот откако мојот татко го купи овој имот, а тропањето го имам слушнато и јас. Еднаш- останав сам и повикав такси во рок од шест минути. Сега ќе биде поставена и камера за духови, вели Сајмон Елисон.
Видеото е поставено во саботата и веќе има над 100.000 прегледи. Тоа го привлече вниманието на истражувачите на паранормалните активности кои тргнаа кон таа локација.
Ново на Сител
-
Национален совет за развој
-
Контроли на Клиниките
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Скопје
-
Преглед на вести од светот
-
Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк
-
Претседателката на Албанското собрание во Скопје – средба со Гаши, Ахмети и Филипче
-
Зголемена потребата од негуватели во Охрид
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион