Македонија
7. April 2017 - 16:55

ДУИ и БЕСА не се согласуваат со програмата на СДСМ

Македонија треба да почне да се движи во насока на формирање на бинационална држава. Во екот на протестите против платформата и во време на кулминација на политичката криза, интегративците вчера преку Алсат порачаа дека Македонија е зрела за редефинирање

Токму ДУИ е партијата која се промовираше како носител на платформата. Функционерите од Мала речица во повеќе наврати потврдија дека со СДСМ договориле двојазичност на цела територија како и отворање на дебата за промена на знамето, химната и грбот. Функционери на ДУИ јавно пред камерите потврдуваа дека е договорено македонските денари да станат двојазични, а двојазични натписи да добијат и униформите на полицијата и армијата.Повеќе експерти предупредија дека отстапките кон албанските политички партии дополнително ќе се прават доколку се прифати нивната платформа. Според нив, потврда за тоа се и вчерашните изјави на ДУИ и БЕСА дека не се согласуваат со програмата која ја промовираше Заев

Дека СДСМ не може да го крене гласот во коалицијата со албанските партии потврдува и односот на потпретседателот во партијата на Заев кој завчера се најде во незгодна ситуација кога направи обид пред ДУИ да презентира партиските ставови.

За ВМРО-ДПМНЕ платформата на албанските политички партии е неприфатлива. Од партијата во повеќе наврати повторија дека нема да дозволат избор на тиранска влада и дека најдобро решение за кризата е организирање на нови предвремени парламентарни избори заедно со локалните.