ДУИ: Коалицијата Левица – Беса – Алијанса му штети на европскиот пат
Наводното опозициско мнозинство од 61 пратеник во состав Левица, Алијанса, Беса, ВМРО и Алтернатива ги загрижи нашите граѓани, но и регионот и нашите сојузници во Брисел и Вашингтон.
Ова мнозинство со право медиумите и граѓаните го оквалификуваа како анти-НАТО, анти-САД, анти-ЕУ, но и против признавањето на Република Косово и против Охридскиот, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија.
Оваа група на егзекутори на европската и евроатлантската перспектива на Македонија сериозно го наруши имиџот на нашата земја и институционалната стабилност, но и кредибилитетот на интегративниот процес.
Стимулирањето на кризата и предвремените избори директно го загрозуваат отворањето на преговорите со Европската унија во Декември годинава.
Авантурата на кумовите на коалицијата Левица, Села и Таравари заедно со Касами и Хоџа ги урива темелите на политичкото организирање на Албанците и нивните аспирации за еднаквост и интеграција.
Длабокиот пораз на локалните избори на сите овие партии заедно им го замати разумот обединувајќи ги да го поразат ДУИ, но уште полошо, да ја уништат европската иднина, меѓуетничките и меѓусоседските односи како и сите достигнувања на Охридскиот Договор.
Демократската унија за интеграција
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
