ДУИ на 20 декември во Скопје ќе го одржи петтиот партиски конгрес

Демократската унија за интеграција на 20 декември ќе го одржи петиот конгрес, кој, како што соопштија од партијата, ќе биде значаен момент за нејзино дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.
Генералниот Совет на ДУИ денеска одржа седница на која, како што се посочува во соопштението од партијата, се водела широка расправа за актуелните политички случувања во земјата и динамиките поврзани со реформските процеси и предизвиците со кои се соочува државата во овој период.
-Членовите на Советот ги анализираа стратешките насоки на внатрешната и надворешната политика, повторно потврдувајќи ја улогата на ДУИ како фактор на стабилност и како клучен партнер во евроатлантските процеси. Централниот дел од седницата беше посветен на подготовките за Петтиот Конгрес на Демократската Унија за Интеграција, значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец на партијата. Беше оценето дека Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици, наведуваат од ДУИ.
Во наредниот период, како што се најавува, ДУИ ќе ги интензивира организациските активности на сите нивоа, со цел конгресот да се одржи со целосна транспарентност, ефикасност и вклученост на сите делегати и партиски форуми.
МИА
Ново на Сител
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
-

Нетанјаху на суд негираше дека има здравствени проблеми
-

200 метри кубни отпад собран во „Генералка викенд“ во Скопје
-

СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце за убиство и обид за убиство на две жени и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово
-

Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар
-

Митревски пред дуелот со Словачка: Нè очекува тежок натпревар против незгоден противник
-

Девет сомнителни случаи на каридиохирушки интервенции, наодите ќе се испратат до Владата и до ЈО
