Македонија
13. October 2024 - 16:46

ДУИ не се откажува од протести, оценија дека задоцнето се носи новиот закон за правична застапеност

Укинувањето на балансерот нема да ги спречи новите вработувања вели вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење. Фетаи смета дека новиот закон доцни 22 години, со ќе се воведат контролни механизми кои со балансерот ги немало и затоа  оваа алатка била многу злоупотребувана.

Правичната застапеност е дел од Уставот. „Балансерот“ беше дигитална алатка која овозможуваше реализирање на годишните планови за вработување. Замрзнувањето на „балансерот“ е додека да најдеме ново законско решение. Ова нема да ги спречи вработувањата. Ќе има вработувања според уставното правило на правична застапеност, како што кажа и премиерот. За Законот за правична застапеност се зборуваше со години. Јас сум еден од оние кој во рамките на мојата партија Алијанса за Албанците го изготви овој предлог закон со меѓународни експерти.

Тој најави дека носењето на законот ќе биде транспарентен и на увид на јавноста. Меѓународна пракса е и да се земе мислење и од Венецијанската комисија.

Прашан дали постои временска рамка кога би се донел Законот за правична застапеност, Фетаи рече дека не може да зборува за датуми, но постои политичка волја за да се почне процесот. Според него, најдобриот начин е Законот да донесе во Собранието со консензус.

ДУИ не се откажува од протести но и денеска не информираше кога и на кој начин ќе ги организира. Од намерата да излезат на  улица не ги предомисли ниту најавата дека ќе се носи нов закон за правична застапеност. За нив не значи ништо дали Венецијанската комисија ќе го одобри предложеното законско решение, овој потег е задоцнет велат од партијата на Ахмети.

ВМРО ДПМНЕ повторно ги обвини дека бараат само причина за дестабилизација иако тие први го поддржале укинувањето на балансерот. 

СДСМ не го коментира ниту новиот закон за правична застапеност ниту пак  најавите од ДУИ за протести.