ДУИ: Прохитлеровиот став на Таравари нема место во нашето демократско општество

Продолжува и денес да стои скандалозната објава на Фејсбук страницата на градоначалникот на Гостивар и генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари во која тој го цитира Хитлер: „пошто народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта“.
Неприфатливо е употребувањето и објавувањето на каква било слична метафора или фраза во речникот на еден политичар и носител на јавна функција во една земја во која суштината на нејзиното функционирање и развојот е демократијата и промоцијата на нејзините вредности.
Апсурдниот и скандалозен менталитет изразен во постот на Таравари е навреда за суверенот и флагрантно кршење на демократските норми на политичкото дејствување.
Очекуваме Таравари да рефлектира и јавно да им се извини на сите граѓани и на семејствата на загинатите. Ја покануваме и Алијансата за Албанците да се огради и да го осуди овој апсурден искажан став на членот на нејзиното раководство.
Прохитлеровиот став на Таравари нема место во нашето демократско општество и како таков заслужува да биде осуден од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите и невладините организации.
Демократската Унија за Интеграција
Ново на Сител
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
