ДУИ: ВМРО блокира се европско во Собранието и им одзема на граѓаните над 500 милиони евра
Демократската унија за интеграција смета дека коалициската блокада на опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица во Собранието на сите закони и постапки е суштествено антиЕвропска, антиНАТО и антиАмериканска.
ВМРО ДПМНЕ и Левица активно и намерно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции.
Да повториме: Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициска банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8.
Истовремено, ВМРО работеше активно против Преспанскиот договор и членството во НАТО, не даде поддршка за референдумот како што впрочем делува и против Добрососедскиот договор или и Охридскиот Договор преку отпорот кон Законот за јазици.
ДУИ ги поддржува петте закони во Собрание и активно ќе работи на нивно усвојување за побрза и поевтина изградба на автопатиштата.
ДУИ исто така се залага за уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување.
ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време.
Сите досегашни тврдења на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Левица се потврдија како ЛАЖНИ!
ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба.
Заложништвото на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и Левица ЗАВРШИ!
Демократската унија за интеграција (ДУИ)
Ново на Сител
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња
-
Мицкоски на работни средби во САД, во фокусот можноста за инвестиции во државата
-
Тројца турски државјани уапсени во Скопје, во себе носеле марихуана и два ножа
-
Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици