ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција
ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како точно напамет ги знае сите тендери во општините каде ВМРО-ДПМНЕ раководи. Десетици судски случаи се се уште активни против нивни истакнати функционери кои не успеаа да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да зборува на тема криминал и корупција.
Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува. ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национлаизам и подгревање тензии.
Му порачуваме на Мицковски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига.
ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности.
Прес служба на ДУИ
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот