Дука: Трет ден во Дебар нема новодијагностицирани, но има појава заразени да се шетаат низ градот
Веќе трет ден нема новозаразени од коронавирус во Дебар. Бројката останува на 49, од нив две лица од општина Центар Жупа. Од вкупниот број заразени 14 се излекувани, додека четворица починаа. На домашно лекување се 13 лица, а 73 лица се во самоизолација, што е за 15 помалку споредено со вчерашниот ден, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Сепак додаде дека епидемијата со коронаврусот не е надмината, поради што апелираше до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките.
– Посебно ги замолувам оние кај кои веќе е дијагностициран коронавирус да не излегуваат од своите домови. Како Оперетавен штаб имаме сознание дека некои од овие лица се движат низ градот, а се видени и во маркети. Тие се конролираат од полицијата, но го користат вакуум просторот од една до друга контрола и излегуваат надвор, рече Дука.
Оцени дека безбедносната состојба е добра, не забележано непочитување на одлуката за забрана за движење, а армиските патроли редовно ја контролираат границата и таму не се забележани прекршувања.
– Институциите непречено ги одвиваат своите рутински обврски и тие се на нивото на нивната задача. Снабдувањето со прехранбени и други артикли и лекови оди непречено, според воспоставениот протокол, нагласи Дука.
Според него проблем се појавил околу наставата од далечина и побара од операторите да бидат посолидарни и да ги зголемат бесплатните гигабајти за корисниците.
Ново на Сител
-
Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите
-
Во Велес до 13 часот излезноста е 30,08 за претседателски и 30,57 за парламентарни
-
Кавадарци со близу 30 отсто излезност до 13 часот
-
Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала
-
Излезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84
-
Јавното обвинителство поднесе пријава за поткуп во Велес за две лица
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре