-->
-->
Душебаев селектор на Полска
-->
Противникот на Македонија и организатор на квалификацискиот турнир за учество на Олимпијадата во Бразил, ракометната репрезентација на Полска од денеска за селектор го има Талант Душебаев, таткото на играчот на Вардар, Алекс Душебаев.
- Не очекува тешка работа. Најпрво е квалификацискиот турнир, а потоа баражот за Светското првенство. Верувам дека можеме да избориме учество на двете големи натпреварувања, изјави Душебаев.
Тој на селекторското место во Полска доаѓа како наследник на Германецот Михаел Биглер. Душебаев до неодамна беше селектор на Унгарија, а веќе две години е тренер на Киелце.
Полска од 8-10 април во Гдањск ќе ги нагости Македонија, Тунис и Чиле на турнирот од кој двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на Олимписките игри што годинава ќе се одржат во Рио де Жанеиро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмичанка тешко повредена во сообраќајка
-
СЗО ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во болници низ Европа
-
Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени
-
Приведен жител на Чегране баран со потерница
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
Приведен дилер во Скопје
-
ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
-
Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани