Два часа блокиран железничкиот сообраќај на станицата во Велес, вработените на „Колска“ на протест
– Седумдесетина вработени на велешката фабрика за шински возила „Колска“ предводени од Синдикатот, кој е членка на ССМ, утрово од 07 до 09 часот го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.
-Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, вели Јанков.
Според Јанков, заостанатиот долг ќе можат да го платат во зависност од тоа кога ќе имаат прилив на средства. – Ни ја блокираа сметката и не можеме да работиме редовно, а ни бараат да враќаме редовно, изјави Јанков.
Бараат од Владата итно да им помогне и за утре планираат да дојдат на протест во Скопје.
Јанков, кој го подржува Синдикатот на „Колска“, утре најави дека ќе обезбеди автобуси за работниците до Скопје и назад.
Велат, ако се затвори „Колска“, тогаш ќе нема кој да ги репарира вагоните на Железници и ќе мора да се носат во Србија, Грција или Бугарија.
Во моментот во работилницата на „Колска“ имаат 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година. „Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
