Два јапонски воени бродови ќе се придружат на американскиот носач „Карл Винсон“
Два јапонски воени бродови ќе извршуваат вежби со американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ во Кинеското Море.
Јапонските бродови уште во петокот тргнаа од пристаниште во западниот дел на Јапонија, со цел да се придружат на американскиот носач на авиони „Карл Винсон“.
Американските медиуми јавија дека, јапонските воени бродови ќе вежбаат „повеќе тактики“ со американската група.
Јапонските поморски сили за самоодбрана (МСДФ) не наведоа до кога јапонските бродови ќе останат со американскиот носач.
Претходно денеска, Северна Кореја се закани дека е подготвена да го потопи американскиот носач на авиони, со цел да ја демонстрира нејзината воена моќ.
-Нашите револуционерни сили се подготвени за борба и за потопување на американскиот носач на авиони со само еден напад, објави државниот весник „Родонг Синмун“.
Весникот го спореди носачот на авиони со „грубо животно“ и наведе дека нападот врз него ќе биде „вистински пример за демонстрација на силата на севернокорејската војска“.
Во Северна Кореја в вторник се одбележува 85-годишнината од основањето на Корејската народна армија, а оваа земја сите важни годишнини го одбележува со програма за вооружување.
Ново на Сител
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Сообраќајот се одвива по суви коловози