Македонија
15. October 2018 - 11:55

Два пожари во делчевско и еден во Маврово

Вчера  година во 22.15 часот во село Чифлик, делчевско, во маалата „Тафрачка“, настанал пожар во плевна сопственост на Б.С.(83) од село Чифлик, при што изгореле неколку грла добиток. Од екипа на Територијалната противпожара единица Делчево пожарот бил локализиран, а увид ќе се врши во текот на денот.

Истиот ден во 23.00 часот било пријавено дека над село Скудриње, општина Маврово Ростуше, на место викано „Големарен“, настанал пожар, при што горела борова шума, бука, смрека, со можност за проширување кон село Скурдиње, како и кон боровата шума во атар на село Косоврасти, дебарско. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

Синоќа во 02.55 часот во село Стамер, делчевско, настанал пожар во дворно место сопсвеност на Е.В.(74) од село Стамер, при што биле зафатени две гаражи и две помошни простории. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево во 04.20 часот пожарот бил локализиран, а увид ќе се врши во текот на денот.