Два пожари во делчевско и еден во Маврово

Вчера година во 22.15 часот во село Чифлик, делчевско, во маалата „Тафрачка“, настанал пожар во плевна сопственост на Б.С.(83) од село Чифлик, при што изгореле неколку грла добиток. Од екипа на Територијалната противпожара единица Делчево пожарот бил локализиран, а увид ќе се врши во текот на денот.
Истиот ден во 23.00 часот било пријавено дека над село Скудриње, општина Маврово Ростуше, на место викано „Големарен“, настанал пожар, при што горела борова шума, бука, смрека, со можност за проширување кон село Скурдиње, како и кон боровата шума во атар на село Косоврасти, дебарско. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Синоќа во 02.55 часот во село Стамер, делчевско, настанал пожар во дворно место сопсвеност на Е.В.(74) од село Стамер, при што биле зафатени две гаражи и две помошни простории. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево во 04.20 часот пожарот бил локализиран, а увид ќе се врши во текот на денот.
Ново на Сител
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
