Два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
„Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј добија решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на ниво на бучава во животната средина. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите, информираат од Општина Центар.
Добиените решенија се во рамките на спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј „13 Ноември“ и мерењета на бучава од локалите, во текот на изминатите два викенди.
Од Општина Центар посочуваат дека редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.
Дополнуваат дека усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добиле локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт Бар“ и апелираат до сите управители и сопственици на угостителски објект во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.
Во спротивно, како што велат, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишани мерки и ќе бидат изречени поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
