Македонија
25. July 2017 - 8:33

Два земјотреси синоќа во Македонија

Два земјотреси изминатата ноќ ја стресоа Македонија. По релативно мирниот период, кој следеше по серијата потреси, повторно е регистрирана нова серија земјотреси од кои првиот со јачина од 3,4 степени по Рихтер, со епицентар во Охрид, на длабочина од 2 километри.

По овој потрес, се случил уште еден со помал интензитет од 2 степени според Рихтер, а на 1 километар длабочина. Епицентарот на овој потрес исто така е во Охрид.

Се надеваме потресите ќе запрат и ќе има мирни денови.