Балкан
28. January 2016 - 14:14

Дваесет и четири мигранти загинаа при потонување на чамец во Егејско Море

Дваесет и четири мигранти, меѓу кои 10 деца, се удавија утрово при ново потонување на чамец во близина на грчкиот остров Самос во Егејското Море.

Според најновите податоци на грчката крајбрежна стража, 11 мигранти се водат како исчезнати.

Грчки патролни чамци и два брода на Фронтекс учествуваат во спасувачката операција. Во чамецот се наоѓале вкупно 45 луѓе, од кои десетмина се спасени.

Ова е втор инцидент во изминатите два дена. Чамец со мигранти вчера потона во близина на грчкиот остров Кос, при што загинаа седум луѓе, меѓу кои и две деца.