-->
-->
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-->
Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот.
Петмина пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од хируршката клиника „Свети Наум Охридски" и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември". Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.
Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште петмина пациенти за Бугарија и пет за Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА
-
Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!
-
„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба