Дваесет лица загинаа во налет на циклонот Винстон на Фиџи
Најмалку 20 лица загинаа во разорниот циклон, кој го опустоши Фиџи, а властите предупредуваат дека бројот на жртвите би можел да биде поголем со оглед на тоа дека информациите од оддалечените подрачја на оваа островска држава се уште пристигнуваат до нив.
Снимките од воздух покажуваат дека цели села се сраменти со земја на патот, по кој вчера со брзина од дури 325 километри на час помина циклонот Винстон, јави Танјуг.
- Фотографиите и снимките од воздух од погодените подрачја се навистина потресни и не оставаат место за сомнеж во тоа колку бил разорен циклонот, изјави координаторот на Обединетите нации за Фиџи, Оснат Лубрани и додаде дека е јасно дека на Фиџи му треба долго време за да закрепне.
Винстон, најсилниот циклон некогаш забележан во јужната хемисфера уништи голем број домови, тешко ја оштети инфраструктурата и го принуди населението да побара сигурност во засолништата.
Официјалните податоци за бројот на загинатите за кусо време се зголемија од шест на 20, бидејќи почнаа да пристигнуваат нови податоци од оддалечените подрачја.
Ново на Сител
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора