Двајца Израелци ранети во вооружен напад во Ерусалим
Вооружен маж доцна синоќа пукаше на израелски воен контролен пункт во источен Ерусалим, при што тешко рани најмалку двајца Израелци, соопштија израелските власти. Како што е наведено, се трага по напаѓачот, а ранети се една девојка која служи воен рок, која е во критична состојба и еден чувар.
Уште еден Израелец е полесно ранет. Нападот се случи во време на зголемено насилство меѓу Израелците и Палестинците, само неколку часа по убиството на двајца палестински тинејџери во напад на израелската војска на окупираниот Западен Брег и еден ден пред почетокот на еврејскиот празник Сукот.
Оваа година е најсмртоносната на окупираната територија од 2015 година. Нападот синоќа се случи на контролен пункт во близина на бегалскиот камп Шуфат, а во потера по напаѓачот се вклучени специјални сили и хеликоптер.
Израел го освои Источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година и ја анектира таа област, која не беше призната од меѓународната заедница. Израелските лидери го сметаат целиот Ерусалим, вклучувајќи го и источниот дел каде што се најважните свети места, за свој главен град, а Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава. „Тероризмот нема да не победи“, изјави синоќа израелскиот премиер Јаир Лапид.
Ново на Сител
-
Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје
-
На Комисијата за именувања Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ
-
Трамп ја отвора Белата куќа за брифинзи за инфлуенсери и водители на подкасти
-
Шолц за Си-Ен-Ен: Тоа што Маск го прави е „навистина одвратно“
-
Ким Џонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку