Македонија
27. January 2018 - 12:08

Двајца млади скопјани, момче и девојка пријавени за исчезнати

Вчера во 18,00 часот во Полициска станица Чаир Д.У.(45) пријавил дека истиот ден околу 08,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Д.(21). 

Претходниот ден во Полициска станица Бит Пазар А.А.(64) пријавил дека на 24.01.околу 21.15 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.А.(18).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на двете лица.