Двајца новозаболени и петмина оздравени од Ковид-19 во Делчево
Двајца новозаболени и шестмина оздравени е новиот денешен биланс во однос на пациенти кај кои е регистрирано присуство на вирусот Ковид-19. Бројката според надлежните задоволува ако се има во предвиде дека повеќе од еден месец во пијанечката општина имаше зголемен број на случаи со коронавирус.
– Она што е најважно е што се намалува вкупниот број на случаи кој сега со новите двајца позитивни и 6 оздравени пациенти изнесува 77 активни случаи. Бројката е заедничка со граѓаните на М. Каменица каде од почетокот на пандемијата има 27 случаи со Ковид-19, истакнаа од Здравствен дом „Гоце Делчев“.
Оттаму додаваат дека поради присуство на вирусот кај новотестираните, во наредните денови можно е мало зголемување на бројката на заболени.
Во поблиските општини денес е регистрирано присуство на вирус кај едно лице од Берово. Во оваа општина исто како и во Пехчево денес има по 4 оздравени пациенти од коронавирус.
Ново на Сител
-
Расте бројот на повредени лица, најкритичните се транспортираат на лекување во странство
-
Муцунски: До сега, наши пациенти има во Турција, Бугарија, Грција, Србија, Литванија и Унгарија
-
Тошковски: Градоначаникот на Кочани поднесе оставака, во тек е распит на осомничени за трагедијата
-
Во Кочани во тек е истрагата и распитот на осомничените, градоначалникот поднесе неотповиклива оставка
-
Крешник Бектеши е се уште во полициската станица
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО