Двајца работници на Дрекслмаер позитивни на коронавирусот

Двајца работници во фабриката Дрекслмаер се позитивни на коронавирусот. Од фабриката информираат дека случаите не се меѓусебно поврзани, но и дека за нив врвен приоритет е безбедноста на вработените.
– Вработените изминатите денови не доаѓаа на работа и се заразиле преку контакти во нивното приватно опкружување. И за двата случаја го контактиравме одговорниот епидемиолог во Кавадарци и ги следиме дадените насоки и упатства. Веднаш по добивање на информацијата, беа испратени во домашна самоизолација сите вработени кои според работните места се наоѓаат во непосредна близина, нагласуваат од фабриката.
Компанијата го следи својот изготвен план за справување со евентуален инфициран вработен и има изготвено протокол со што би ги заштитиле и изолирале останатите засегнати колеги.
– Вниманието на оваа тема во компанијата е на највисоко ниво од самиот почеток. Постојано сме во контакт со надлежните здравствени институции, ги спроведуваме сите превентивни мерки за заштита, како и дополнителни интерни протоколи наложени од нашата централа во Германија, а според насоките на Роберт Кох Институтот. И покрај преземањето на бројни мерки и активности, сепак една од најважните мерки на заштита останува совесното однесување и делување на секој од нас. За ова вработените постојано се информираат дека самозаштитата почнува од напуштање на домот, за време на работата, но и во слободното време. Токму затоа постојано посочуваме дека треба да се следат препораките на здравствените институции, велат од Дрекслмаер.
Оттаму апелираат на зголемување на свесноста за самозаштитата и совесно однесување на сите граѓани.
Од фабриката информираат и за преземените заштитни мерки од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Ново на Сител
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
