Двајца работници загинаа при ископ на земја во Чаир
Двајца работници починаа, а еден е пренесен во болница откако врз нив паднала земја при вршење на ископ на земјиште со багер на улицата „Кемал Сејфула“, спроти поликлиниката „Чаир“.
Полицијата соопшти дека настанот се случил денеска околу 11 часот при вршење на ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, при што дошло до лизгање на земјиштето и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот. Две од затрупаните лица на возраст од 26 и 28 години починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итната медицинска помош е пренесено во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
На местото на настанот испратени се екипи од итната медицинска помош и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Смртта на починатите ја констатирале лекари од итната медицинска помош. Известени се јавното обвинителство и трудов инспектор.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот