Македонија
15. April 2019 - 10:29

Двајца скопјани каснат од куче

Вчера во 02.30 часот во Полициската станица Драчево, А.С.(23) од Скопје пријавил дека на 13.04.2019 година околу 22.50 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Истиот ден во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.К.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на булевар „Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.