-->
-->
Двајца загинати и четворица изчезнати во свлечиште во Индонезија
-->
Во свлечиште, предизвикано од силен дожд, загинаа две лица, соопшти официјален претставник, пренесе ДПА.
Други четворица се водат за исчезнати откако земјиштето затрупа шест куќи во Богор, град на околу 60 километри јужно од Џакарта, наведе шефот на локалната агенција за управување со катастрофи, Теофило Патрисио Фреитас.
Фреитас, кажа дека лизгањето на земјиштето било предизвикано од обилните врнежи.
Одроните се вообичаени во Индонезија, особено во сезоната на дождови што трае од октомври до април.
Десетици лица минатата недела загинаа во лизгање на земјиштето што затрупа куќи во село на индонезиските острови Натуна, потсети ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
