Македонија
13. April 2020 - 19:41

Двајцата новооткриени во Велес не биле во никаква врска со досега заболените од Ковид-19

Во изминатото деноноќие во Велес беа откриени два нови случаи на заболени од коронавирус. Како што информира за МИА Тони Димитриев директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, двајцата новозаболени  не биле никако поврзани со веќе заболените 30 пациенти  од коронавирус во градот.

Со овие двајца новозаболени бројката на заболени од коронавириус во Велес се искачи на 32.