Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор откако штипска апелација жалбите на Обвинителството ги отфрли како недозволени.
Со тоа Ратко Димитровски и Николчо Илијев истрагата за пожарот во клубот Пулс ќе ја чекаат во притвор дома додека единствен зад решетки останува актуелниот градоначалник Љупчо Папазов.
Претходно, во куќен притвор поради здравствени причини беше пуштена и поранешната директорка на пазарната инспекција Анета Симевска Димовска. Со тоа во моментов по затворите низ земјава распоредени се вкупно 28 лица вклучувајќи ги и седуммината полициски службеници кои ги гони обвинтиелството за организиран криминал
Меѓу притворените е и екс министерот на ДУИ Крешник Бектеши поради што ДУИ и денеска бара Европската комисија да испрати свои набљудувачи кои ќе ја следат истрагата за која сметаат дека е селективна.
„Истражувањето на трагедијата во Кочани претставува најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во земјава. Овој процес се претвори во карикатура на правна истрага, каде што сите се виновни, освен ако се од ВМРО-ДПМНЕ
Република Северна Македонија е кандидат за членство во Европската Унија, и затоа ќе ја повикаме Европската комисија преку тим експерти одблизу да ја следат оваа фарса од истрага, каде што Власта обвинува сѐ околу себе за да ги заштити оние кои биле одговорни да ја спречат оваа трагедија.“ – се вели во соопштението на ДУИ
ДУИ бара комисии за да ја скрие вистината а не за да ја открие, врати владејчката Вреди.
„ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани.
Но, граѓаните не забораваат: Кој го создаде овој расипан систем? Кој ги штитеше криминалците? Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии?“ – се вели во реакцијата на коалицијата ВРЕДИ.
Во македонскиот политички блок СДСМ се согласува со ДУИ дека истрагата се води селективно и исто како и интегративците, бараат за тоа да расправа собранието на посебна седница. Опозицијата побара, а власта веднаш прифати лидерска средба
Во меѓувреме полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата. Уште од стартот на неделава се вршеа претреси на повеќе локации кои се поврзуваат со газдата на Пулс, а во полициска станица беа сослушани и членови на неговото семејство.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар