Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров
Денеска се навршуваат 12 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Дарко Каевски и Бети Стаменковска-Трајкоска денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Цвеќе ќе положи и владина делегација предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ.
Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.
Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.
Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.
На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“.
По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.
Ново на Сител
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина
-
Намалени и цените на дел од основните прехранбени производи што не се дел од Новогодишната кошничка, Владата продолжува да ја следи ситуацијата
-
Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
-
Наутро студено и магливо, преку ден сончево
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин