Македонија
10. July 2016 - 17:36

Две години од хеликоптерската несреќа кај Струмица

Денеска се одбележаа две години од хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Хеликоптерот МИ 17 на МВР се урна околу 22 часот на 10 јули 2014 година удирајќи во антенски столб кај индустриската зона кај Струмица. Хеликоптерот леташе на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.