Две лица обвинети за неовластено производство на марихуана
- Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица кои неовластено произведувале наркотична дрога - марихуана во викенд куќа лоцирана во местото Света Петка, село Моране. За едно од лицата е одреден притвор, а за другото мерки за претпазливост. За истото дело се товари и трето лице кое е во бегство, а за кое, како што информира ОЈО е распишана потерница и постапката ќе продолжи откако ќе биде пронајдено.
- Обвинетите и лицето кое е бегство, по претходен договор, неовластено произведувале наркотична дрога – марихуана во викенд куќа лоцирана во местото Св.Петка, село Моране. Трите лица, кои биле во блиско крвно сродство, таму инсталирале систем - лабораторија за внатрешно производство на наркотична дрога - марихуана каде во 202 саксии засадиле и одгледале 246 стебла од растението канабис, од кои 67 растенија со старост од 14 дена, 170 растенија со вегетација од околу 21 ден, 4 растенија со старост од 28 дена и 5 растенија со 7 дена старост, соопштија денеска од ОЈО.
Тие неовластено заради продажба, држеле вкупна количина од 6.346,41 грама наркотична дрога марихуана со исушени врвни делови кои потекнуваат од растението канабис и тоа во домот каде што живеат и во подрум во станбената зграда во скопската општина Аеродром.
- Заедно со обвинителниот акт, надлежен јавен обвинител до судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за едно од обвинетите лица, ценејќи дека се уште е реално стравувањето дека доколку се пушти да се брани од слобода, ќе се даде во бегство, односно ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, како и тоа дека ќе го повтори кривичното дело за кое се товари. За второто лице од претходно се на сила мерки на претпазливост, информираат од Основното јавно обвинителство.
Случајот полицијата го откри во на крајот на април годинава. с
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска