Две лица обвинети за тепачка во скопски ресторан
– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело „насилство“ во ресторан во Скопје.
Како што информираат од Јавното обвинителство, на 20 февруари во просториите на угостителски објект на булеварот „Илинден“, малтретирале, грубо навредиле и им ја загрозиле сигурноста на двајца оштетени, а кај останатите гости во локалот предизвикале чувство на вознемиреност, загрозување и страв. Меѓу оштетените и обвинетите настанала вербална расправија, а двајцата обвинети на возраст од 19 и 27 години ги нападнале оштетените со тупаници, нанесувајќи им телесни повреди. Едниот обвинет, дополнително револтиран од телефонски разговор кој во тој момент го водела една гостинка во објектот – сведок на настанот, продолжил и неа грубо да ја навредува и агресивно да се однесува, кршејќи го инвентарот во локалот и мобилниот телефон на гостинката.
Поради опасност од бегство, можност обвинетиот и натаму да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои упатуваат на можност да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог со кој побара продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет. За вториот обвинет, пак, од истите причини, побарано е продолжување на претходно определената мерка притвор, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
