Македонија
21. May 2024 - 12:28

Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата во Врховниот суд, Наке Георгиев со што веќе нема пречка тој да оди во притвор.Такво барање до Судскиот совет вчера испратил судија на претходна постапка откако тоа го побарало Обвинителството. Претреси до доцна во ноќта се вршеа и во Врховниот суд но и во Советот на јавни обвинители имајќи предвид дека во случајот е вмешан и поранешниот Народен паровобранител и актуелен член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети.