Две лица повредени во сообраќајка кај гостиварско Ново Село
Едно лице е потешко повредено, а едно се здобило со полесни повреди во сообраќајната несреќа што попладнето се случи на магистралниот пат Гостивар - Кичево во близина на Ново Село.
СВР Тетово информира дека во сообраќајната несреќа покрај двете возила кои се судриле, има оштетено уште едно возило.
- Околу 16:30 часот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево, во близина на селските гробишта дошло до судир на два автомобили марка „мерцедес“ со охридски, односно скопски регистерски ознаки. Возачот на мерцедесот со охридски ознаки Ј.А. (66) се здобил со скршеници и како итен случај е префрлен на скопски клиники, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Возачот на другиот мерцедес, А.А. (43), турски државјанин со престој во Македонија, поминал со полесни повреди и е згрижен во Гостиварската болница.
Според првичните сознанија од увидот, причина за сообраќајката, е преминување на друга сообраќајна лента на едно од возилата.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на полицијата.
Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево беше во прекин дваесеттина минути, а по завршувањето на увидот, се одвива нормално.
Ново на Сител
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек