Македонија
27. December 2021 - 10:41

Две лица повредени во сообраќајка во Влае | ФОТО

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во скопската населба Влае. Според фотографиите што ги објави веб-сајтот Њуз 24 може да се забележи дека во несреќата се оштетени повеќе возила, а една канделабра со помал билборд е срушена.

Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случила на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае.