Две лица се удавиле во морето во Варна
Во Варна, Бугарија починаа две лица, давејќи се во морето. Силниот ветер влијаел на појавата на големи бранови, а според спасувачите на плажата, голем број туристи не го почитувале истакнатото црвено знаме ниту пак, ги слушале предупредувањата, пренесува бугарскиот портал „Труд“.
30-годишен маж се удавил додека пливал ноќе, а 12-годишно момче се удавило преку ден, но во моментот на несреќата со него не биле неговите родители, туку само сестрата којашто ги повикала спасувачите.
„Силниот ветер ја намали температурата на морето за 15 степени и создаде големи бранови. Спасивме повеќе од 10 лица кои ја игнорираа забраната за пливање“, рече спасителот Георги Есов и додаде дека против несовесните капачи ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Тој исто така изјави дека за првпат во 30 години – колку што е во бизнисот, се радува на крајот на сезоната.
„Туристите стануваат се понецивилизирани – не’ пцујат затоа што им ги спасуваме животите“ рече Есов.
Ново на Сител
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија