Две лица загинале во поплавите што го зафатија јужниот морски брег на Бугарија
Крајбрежниот регион на јужна Бугарија е погоден од обилни врнежи од дожд, што резултираше со големи поплави во туристичките места на Црното Море, јави ДПА.
Многу хотели и куќи денеска биле поплавени, јавуваат бугарските медиуми.
Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека излеа од коритото. Според БТА во Царево загинале две лица. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.
Според извештаите поплавени се патишта, автомобили потонале во вода, а надојдената вода однела неколку мостови. Неколку поморски одморалишта се отсечени.
Неколку кампови во регионот исто така се поплавени, а автомобили и камп приколки биле однесени во морето. Летувачите биле донесени на безбедно, пренесе ДПА.
Во приморското одморалиште Синеморец прекинато е напојувањето со електрична енергија, а малото село Кости е евакуирано.
Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.
Ново на Сител
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи