-->
-->
Две македонски селекции ги започнуваат евро-квалификациите
-->
Две млади фудбалски селекции денеска ги започнуваат своите натпревари во евро-квалификациите.
Јуниорската (до 19 години) е домаќин на турнирот односно натпреварите од групата 2.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, ќе ги играат своите натпревар. Започнуваат денеска против Летонија, по што ќе следат дуелите против Унгарија (24 март) и фаворитот Англија (27 март).
Сите средби ќе се играат во терминот од 14 часот.
А, репрезентацијата до 17 години чиј предводник е Горан Станиќ во Полска ќе ги игра натпреварите од за Елитната квалификациска рунда за пласман на ЕП во Англија.
Во борба за една од двете позиции кои носат пласман на шампионатот, црвено-жолтите, денеска (17.30 часот) ќе играат против Р. Ирска, по што ќе следува дуелот со домаќинот Полска (24 март) и на кјат (27 март) средбата против Грузија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност