-->
-->
Две недели суспензија за Стоилов и Манасков
-->
Управата на ракометниот клуб Вардар брзо реагираше и донесе одлука да ги суспендира двајцата негови играчи и македонски репрезентативци Стојанче Стоилов и Дејан Манасков, поради инцидент кои се случчи пред две ноќи. Притоа во инцидентот Стоилов се здоби со повреди кои му ги нанеле 4-5 лица, а беше и оштетен автомобилот на Манасков.
Раководствот на Вардар во текот на вчерашниот ден објави дека доколку играчите биле вмешани од немилите настани ќе бидат и соодветно казнети.
- Поради прекршување на правилата на однесување, а согласно Дисциплинскиот правилник на клубот, играчите Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се казнети со двонеделена суспензија. Тие во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни. Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани се вели во соопштението објавено на клупската интернет страница.
Суспензијата од две недели занчи дека тие нема да бидат дел од составот за два натпревара од СЕХА лигата, како и за дуелот од Лигата на шампионите со Рајн Некар Ловен. Евентуално враќање во тимот би требало да биде за дуелот од Лигата на шампионите против Кристијанштад во Скопје.
фото: www.rkvardar.com.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо