Две сообраќајки во тетовско - Две лица се потешко повредени
Две лица се потешко повредени по двете сообраќајни несреќи што се случиле во тетовско.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека сообраќајните незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден.
Првата сообраќајка била околу 17:30 часот на регионалниот пат Тетово - Пирок пред училиштето во Калник кога автомобил „опел астра“ управуван од И.И.(75) од Голема Речица удрил во 70-годишната А.А. од Ново село 2, која се здобила со скршеница на главата и други повреди. Повредената била пренесена во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош во неконтактибилна состојба била пренесена на скопските клиники.
Втората сообраќајка се случила во 23:40 часот на крстосницата од булеварот Илинденска и улицата Ѓоце Стојчески меѓу автомобил „голф“ управуван од Е.Џ.(22) и мопед „томос“ што го управувал М.М.(33). Во несреќата моторциклистот се здобил со скршеница на левата потколеница, а по укажаната помош во Тетовската клиничка болница бил упатен на скопските клиники.
- Увид на местата од двете сообраќајни несреќи извршиле јавен обвинител и екипи на СВР Тетово и се работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајките, рече Јосифовски. ас/бак/13:35
Ново на Сител
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси