Loading Video...
Ракомет
4. November 2021 - 19:47

Две средби во Каиро против Египет

Нашите најдобри ракометари  денеска отпатуваа за Каиро каде утре и задутре ќе одиграат две контролни средби со домашната селекција на Египет.  Натпреварите се во рамките на подготовките за следното ЕП. 
Селекторот Кире Лазаров на пат поведе 19 ракометари а меѓу патниците ги нема Стојанче Стоилов, Петар Атанасијевиќ и Градимир Чаневски кои останаа во Скопје додека последниот учесник во ростерот ќе се бара помеѓу Јагуриновски и Митев. 
Стојанче Стоилов го пропушта патувањето во Египет на барање на неговиот клуб Вардар кој сака да санира малата повреда на својот капитен. 
Лазаров се одлучи да им даде шанса на 
тројца ракометари кои ќе дебитираат за А-репрезентацијата. Еден од нив е младинскиот репрезентативец  Кристијан Симоноски, додека другите беа дел од кадетската репрезентација на последниот ЕХФ шампионат во Скопје, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.
Според планот Македонија со Египет ќе одигра два натпревари. Дуелите се предвидени за петок и сабота во 18 часот.