-->
-->
Две возила опожарени на паркинг во Ново Лисиче
-->

Две возила - џип „Гранд чероки“ и автомобил „Фиат уно“ ноќеска се опожарени на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Во инцидентот нема повредени.
Како што информираат од МВР, двете возила биле опожарени триесетина минути по полноќ, на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“. Возилата се со скопски регистарски ознаки. Џипот „Гранд чероки“ е во сопственост на Г.Д. (1978), а сопстеник на „автомобилот „Фиат уно“ е А.М. (1983).
Полицијата врши увид за причините за опожарувањето, како и за начинот на кој е извршено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
