Македонија
20. August 2016 - 16:57

Две возила оштетени во синоќешното невреме во Кичево

Поројниот дожд што вчера вечерта го зафати магистралниот пат Кичево – Охрид предизвика наплив на вода со висина од половина метар, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

По зафатот на припадниците од противпожарната единица кои со помош на пумпа ја исцрпија водата, патниот правец е пуштен за сообраќај.

Од невремето не се предизвикани поголеми штети, освен на две возила кои со брза интервенција на полицијата и ДСЗ се извлечени. Во тек е отстранувањето на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата.

Дирекцијата за заштита и спасување преку подрачните одделенија ја следи ситуацијата на терен. Доколку се јави потреба ќе биде активирана дополнителна механизација.

Локалната нестабилност освен во Кичевскиот регион се пренесе кон централните делови на земјава, но слабееше по интензитет - информира УХМР.