Свет
25. January 2024 - 8:14

Две жртви во руски напад со дронови на Одеса

Два пати во рок од неколку часа Одеса беше нападната од руски беспилотни летала во текот на ноќта. Гувернерот Олех Кипер соопшти дека има две жртви, но не наведе детали за жртвите.

Тој исто така рече дека беспилотните летала погодиле индустриски објект во Одеса и дека во нападот биле оштетени станбени згради и цивилна инфраструктура.

ужниот пристанишен град Одеса е честа цел на напади со руски беспилотни летала.