Македонија
24. October 2016 - 16:22

Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села, во Тетово најави обединување со БЕСА

Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села, во Тетово на прес конференција соопшти дека кај нив преминале членови од други партии. Станува збор за неколкумина од движењето Беса на кои им е прифатлива иницијативата за обединување на опозоцијата кај албанскиот политички блок.

Потпретседателот на партијата смета дека се уште има простор за поголема соработка со Беса и други партии.                

На 19 октомври Движењето за реформи ДПА, партијата Унитети и НДП се договорија за заеднички настап на изборите.