Македонија
21. December 2020 - 8:31

Дводневен посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје

Поради официјална посета на странска делегација на Република Македонија, денеска и утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје.

За таа цел, како што соопштија од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.