Дводневна обука за Европската конвенција за заштита на човекови права

Јавни обвинители, судии, адвокати и претставници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија учествуваат на дводневната обука за „Европската конвенција за заштита на човекови права - членовите 2,3 и 4“.
Обуката е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Американската амбасада во Скопје.
Директорката на Академијата, Анета Арнаудовска на отворањето истакна дека преку обуката треба да се долови концептот и начинот на постапување на судиите во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Академијата, како што рече, прави големи напори да ја доближи Конвенцијата и праксата на ЕСЧП заради оспособување на нашите судии и јавни обвинители да ја применуваат диретно во случаите кои се јавуваат пред домашните судови. - Сепак таа примена на праксата и стандардите на Судот во Стразбур е доста мала, ние треба многу да работиме на ова поле со нашите судии и јавни обвинители во правец на доловување на концептот на кој што размислуваат судиите во ЕСЧП при решавање на еден случај, рече Арнаудовска и додаде дека тоа се должи на разликите во пристапот и концептот на континенталниот систем.
Арнаудовска нагласи дека домашните судии имаат обврска со повеќе закони директно да ги применуваат принципите на праксата на Европскиот суд во Стразбур.
Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип, Тодор Витларов пред учесниците на обуката ја презентираше Европската конвенција за заштита на човековите права.
- Пресудите кои ги добиваме против Република Македонија преку Министерството за правда од ЕСЧП се доставуват до јавните обвинителства и до судовите, со цел во нашето практично постапување да ги препознавеме овие случаи и да работиме во насока на имплементација на загарантираните човекови слободи и права, рече тој.
Европската конвенција, како што истакна, е единствен меѓународен документ кој има обезбедено своја заштита преку Судот за човекови права. - Зградата на Судот за човекови права во Стразбур симболично е во вид на два тапани. Симболиката на тапаните е дека пресудата, одлуката на Европскиот суд треба да се слушне надалеку, односно во сите држави потписнички на оваа Конвенција, кои како договорни страни се должни да ги почитуваат загарантираните основни слободи и права пропишани со Конвенцијата, рече Витларов.
Европскиот суд во однос на домашните судови, како што посочи не претставува Врховен суд. - Со самото потпишување на Европпската конвенција таа е дел од внатрешното право на Република Македонија и затоа во Законот за асудовите и во Законот за јавно обвинителство е запишано дека тие судат врз основа на Устав, закон и ратификувани меѓународни договори, додаде Витларов.
Одлуките на ЕСЧП, како што посочи, не го решаваат конкретниот кривично - правен или граѓанско-правен спор кој бил предмет со апликација на нашиот државјанин. - Тие само констатираат дали во таа спроведена постапка е повредено некое човеково право кое е гарантирано со оваа Европска конвенција и затоа во пресудите од ЕСЧП се досудува правично надоместување на апликантот кој ја поднел апликацијата до Европскиот суд и истовремено се задолжува државата да плати определен надомест, рече Витларов.
Вишиот јавен обвинител Витларов посочи дека судиите, јавните обвинители и полицајците мора да бидат едуцирани за Европската конвенција за човековите права, затоа што, како што додаде „неможете нешто да примените ако не го знаете“.
Со цел надградување на знаењата и вештините за практична имплементација на Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на ЕСЧП, Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Судскиот совет на РМ и Советот на јавните обвинители на РМ ќе упати двајца кандидати од редот на судиите и јавните обвинители во Република Македонија на шестмесечен престој и работа во Европскиот суд за човекови права.
На дводневната обука излагања поврзани со темата ќе имаа претседателката на Апелационен суд Скопје Љиљана Ивановска-Шопова, јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје, Гордана Ѓешкоска и адвокатот Ружица Николовска.
Во рамки на обуката ќе бидат разгледани и донесени пресуди на ЕСЧП против Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 160 загинати и илјадници исчезнати во катастрофалните поплави на Хималаите
-

Шести смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна почина 72-годишен пациент
-

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година пред пратениците
-

СДСМ: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
